v

v

MAKEDONON

         ПОЧЕТНА

 

v

v

v

MAKEDONON

 

 

  29.11.2015 Македонија 

  

ОхридОхридОхрид

       Охрид пред востанието

 

Охридско - дебарско востание


       Охридско - дебарско востание ( познато и како Охридско востание ) избувнало во септември 1913 година, по завршувањето на Втората балканска војна, во Дебарско, Струшко и Охридско. Било организирано од структурите на ВМOРО и од локалните албански востаници, а било раководено од Петар Чаулев, Милан Матов, Павел Христов и Антон Шибаков. По десетдневни борби со редовната српска војска востанието било задушено.

Мировни иницијативи на ВМOРО против Букурешкиот договор

Ден по потпишувањето на Букурешкиот договор, на 11 август 1913 година, Централниот комитет на ВМOРО свикал состанок на кој било решено да се побара од големите сили ревизија на договорот, во спротивно се заканиле дека Организацијата ќе ја продолжи револуционерната борба за ослободување на Македонија.

Делегацијата составена од професорите Љубомир Милетиќ, Иван Георгов и Александар Балабанов била овластена да ги посети владите на европските големи сили и во името на ЦК на ВМOРО да ги претстави нивните барања. Уште од првите средби, делегацијата наишла на неподготвеност од владите за ревизија на Букурешкиот договор.

Подготовка


По неуспешната мисија на делегацијата, ЦК на ВМOРО ја испратил директива '' No. 2 од 21 август 1913 година '' до сите револуционерни дејци, војводи и членови на организацијата. Со неа се наредувало да се започне со обнова на организациската и курирската мрежа, обнова на контактите помеѓу одделните окружни, околиски и реонски комитети во Вардарска и Егејска Македонија. Војводите добиле наредба за систематска подготовка на македонското население за нова борба.

ЦК на ВМOРО решил да се пристапи кон подготовка на востание во Битолско, Охридско и Дебарско. Во исто време Александар Протогеров водел разговори со Албанскиот револуционерен комитет за заеднички дејствија против српската власт во Македонија. Во тоа време српските воени и паравоени формации биле сконцентрирани во Источна Македонија, кон бугарската граница, така што и тоа било поволен услов за востание.

Александар Протогеров Александар Протогеров

Задачите за подготовките на востанието биле доверени на Петар Чаулев, член на ЦК, Павел Христов, задграничен претставник на ВМOРО, Милан Матов, Христо Атанасов, Нестор Георгиев, Антон Шибаков и други дејци и војводи во овие области. Тие добиле полномошно да влезат во врска со албанските револуционери, да преговараат со нив за идните заеднички активности. Како резултат на преговорите што се водат во Елбасан, на 17 август 1913 година бил постигнат договор помеѓу ВМРО и албанскиот револуционерен комитет, на чело со Сефадин Пустина, за организирање и прогласување на заедничко востание против српскиот режим. Одлучено е востанието да се објави на почетокот на октомври 1913 година.

Четата на Чаулев во Охридското востание

Бугарите највеќе од сите фалсификуваат. Бугарски фалсификати, за да Македонците се прикажат како бугари.

Во четите биле вклучени и албанците незадоволни од српската власт, но е евидентно позата на врховистичкиот офицер, со сабјата типично за врховистите

Почеток

Дебар ликуваше. Македонското знаме се развеваше на секој прозорец, а во Охрид навистина, целиот народ ликуваше. Собрани толпи на прозорците само чекаа да се јави некој од привремената влада или војводите, за да викне ура!

— Петар Чаулев - син на ВМOРО

Петар Чаулев

 

Борби

Почетокот на востанието бил сосема случаен, по еден судир меѓу српските воени сили и една албанска чета.

Началникот на Преспанската околија ги известил своите надлежни во Скопје дека:

" арнаутските чети ги предводеле Петар Чаулев и Крсто Трајчев '' бугарски '' војводи со своите четници и дека од нив прети поголема опасност отколку од Арнаутите и дека во случај на упаѓање на овие чети ќе се дигнат сите села и градот... бидејќи се подготвени".

Овој кус извештај некои историчари ги навел да заклучат дека: Најпрво тоа дека војводите и четите се претставени како '' бугарски '' војводи и '' бугарски '' чети. Тоа е нормално бидејќи се работи за ривалство помеѓу Србија и Бугарија во однос на заграбувањето на Македонија и категоричко негирање на Македонската нација од тогашните бугарски, српски и грчки власти.

Cтравот кај српските власти дека "од нив прети поголема опасност" и дека населението е подготвено за се дигне, зборува за нешто сосема друго.

Токму тука можеме да го најдеме она што друга група на историчари го толкува како Охридско востание. Народот застанал зад четите и војводите и макар локално и макар на кусо, се изборил за протерување на српската власт. Имено, востанието кое избувнало во југозападна Македонија раководено од Петар Чаулев, Павел Христов, Милан Матов и други зафатило широк простор меѓу Охрид, Кичево, Дебар и Струга, а слабите српски сили на овој терен, во првиот момент, не можеле да се спротивстават на македонско - албанските востаници.

На 12 септември 1913 година, Чаулев и Христов со своите чети влегле во Охрид.

Веднаш по избувнувањето на бунтот, Василие Трбиќ, кој се наоѓал во Прилеп, добил заповед со својот четнички одред веднаш да појде кон Кичево и да го брани од бунтовниците кои веќе ги зазеле Дебар, Струга и Охрид. Истовремено требало да го помогне 19 - ти српски полк кој во безредие отстапувал од Дебар кон Кичево.

Трбиќ известува дека во Дебар, веднаш испратил пораки до повеќе српски четнички војводи на теренот, кои не се одзвале на неговиот повик, туку се дале на насилие, убиства и ограбување по мирните села, со што "вовеле анархија и безредие".

Истовремено, во настојувањата да ја смират положбата во Македонија, да ги сопрат македонско - албанските востанички упади и акции, српските власти не се сопирале пред никакви мерки за парализирање на овие акции и со цел да ја зацврстат својата власт вовеле страотен терор, како во Западна, така и во Источна Македонија. Теророт го спроведувала српската војска, но особено жестоки биле четничките одреди на Јован Бабунски, Василие Трбиќ и други српски војводи.

Српската влада реагирала енергично, а на помош пристигнале и грчки сили, види Мемоари Василие Трбића војводе Велешког, т. 3-5. ( Ракопис ), 663-668 и Државен архив на Србија, Врховна команда - политичко одељење, Шифрувана телеграма од Битола до Врховната команда, 20.09/4.101913.


Сеопфатната подготовка за востанието не била извршена, бидејќи востанието неочекувано започнало еден месец порано и брзо се проширило во Дебарско, Струшко и Охридско. Обединетите македонски и албански чети го зазеле Дебар и на 9 септември 1913 година претставниците на српската администрација биле протерани од градот. Два српски полка успеале да се повлечат, а 420 војници биле заробени. Во градот била воспоставена нова власт, а во привремената управа биле Сефадин Пустина, Христо Атанасов, Иван Бојчев, Нестор Георгиев, Риза бег, Бајрам Стрезимир, Наум Бојаџиев и други, сите со потекло од Дебар.

Востаниците успеале да ги протераат српските војски и администрација и од Струшко и Охридско. Четвртиот српски полк бил заробен заедно со сите офицери. Неколку српски топови биле заробени во Охрид, каде што четите на Петар Чаулев и Павле Христов влегле на 12 септември. Жителите на градот ги поздравиле организациските чети.

војводата на ВМОРО Павле Христов

војводата на ВМОРО Павле Христов

Набргу било свикано собрание и била формирана привремена управа, во која влегле:

Лев Огненов,

Иван Групчев,

Павел Христов,

Лев Кацков,

Петар Филев и други истакнати граѓани.

На сличен начин била воспоставена револуционерната власт во Струга и околните села.

На 15 септември 1913 година во Охрид се собрале неколку илјади вооружени востаници. За командант на сите сили бил избран Петар Чаулев.

Било решено востаниците веднаш да тргнат кон Битола и Кичево. Биле избрани и војводите, кои требало дејствуваат во соодветните области. Меѓутоа, токму кога востаниците се подготвувале да дејствуваат, Чаулев добил информација дека на барање на српските власти, грчките војници ја минале границата и се упатиле кон Подградец во јужниот крај на Охридското Езеро. Чаулев веднаш испратил еден учител да го предупреди грчкиот командант да се повлече со војниците или во спротивност ќе бидат нападнати. Грчките војници се повлекле, но востаниците изгубиле драгоцено време.

Избувнувањето на востанието и прогонување на српските сили од Дебарско, Струшките и Охридско ги поттикнале српските власти да објават дека започнала нова војна. На 11 септември бил издаден кралски декрет за мобилизација. За задушување на востанието освен редовната армија биле мобилизирани дополнително околу 100 илјади војници.

Милан Матов и окружните војводи на Организацијата - 1908

Милан Матов и окружните војводи на Организацијата - 1908



Во Битола се концентрирала бројна српска војска и затоа Чаулев им наредил на востаниците прво да го заземат Кичево, а потоа да тргнат кон Битола. На пат за Кичево, востаничките чети се судриле со српската војска. Борбата траела два дена на 17 и 18 септември.

Српските сили четири пати биле принудени да се повлечат, а востаничките позиции биле бранети од четите на Антон Шибаков и Нестор Георгиев. Меѓутоа, поради бројноста и подоброто вооружување на српската војска, востаниците биле принудени да се повлечат кон Галичица. Во меѓувреме, востаниците под команда на Чаулев, кај селото Иванчишта ги победила српските сили и на 17 септември го зазеле Кичево. Целата територија на исток од Црн Дрим и Охридското Езеро се наоѓало во рацете на востаниците.

Меѓутоа откако пристигнале дополнителни српски сили и била довлечкана артилерија, започнала српска контраофанзива. На 18 септември востаниците биле принудени да се повлечат јужно од Кичево кон Галичица, на територијата помеѓу Охридското и Преспанското Езеро. На 18 и 19 септември се воделе тешки борби кај Голо Брдо. Тука како поддршка на српските сили дошле грчки војници од југ.

На 19 септември селата околу Охрид биле освоени и опожарени од страна на српските чети. Србите успеале да влезат и во самиот град. Сите востанички чети, македонски и албански, на 20 септември биле принудени да отстапат на запад од Голо Брдо. Истиот ден раководителите на ВМOРО биле информирани дека албанските чети се распуштаат и востаниците заедно со своите семејства се засолниле во Албанија. По оваа информација, Петар Чаулев дал наредба за распуштање на македонските востанички чети и нивно трансформирање во мали единици, секоја со одделен војвода.

Задушување

При задушување на востанието српските сили и чети извршиле масовни насилство и материјална штета врз населението во востанатите области. Врз основа на специјалната Уредба за општествена безбедност во новоприсоединетите области, бил извршен страшен терор.

Особено безмилосно дејствувале четниците на српската Народна одбрана. Од 160 учители само 10 не биле затворени. Во Охридска околија биле изгорени околу 30 села, а меѓу Охрид и Гостивар биле опустошени дури 180 села. Во Охрид биле убиени осум свештеници, петмина учители и околу 150 државјани. Убиени се и околу 500 Турци и Албанци.

Другиот востанат регион, Дебарско, исто така бил подложен на пустошење. Градот бил речиси целосно уништен. Биле опожарени и ограбени десетина села. При одбраната на Дебар загинаа над 300 четници, а биле убиени и стотина невини жители.

Во Кичево и кичевско од страна на српските војници и чети биле убиени над 100 души македонски и албански првенци. Освен тоа како приврзаници на востаниците повеќе од 150 лица биле жестоко претепани. Како резултат на тепањето 17 од нив умреле. Во селото Пласница, Кичевско, биле убиени 46 души, а 5 куќи биле изгорени. Во селото Ѓавато се убиени над 40 лица.


 

 


 

ИСПРАТИ КОМЕНТАР:

 
 
ПРЕЗИМЕ
ИМЕ
ГРАД
ДРЖАВА
е-маил
КОМЕНТАР

 

 

*** Можете да не контактирате и на кoнтакт е-маил: info@makedoniaese.com

 

1.

 

 

 

 

 

Alexandroy Makedonon

Василеон Александрој Македонон и го подари светот на македонците, а тие како му возвратија,.. го отруја, фамилијата му ја уништија,... а денес наместо Македонон (Македонски) го нарекуваат ''велики'' или ''the great'', додека државата на латиница му ја нарекуваат ''Мacedonia'' - Мацедониа, итн,.. а да ќе заборавев,... дозволуваат некој друг да и бира име.

Ќе се најде ли некој да ги ''подисправи'' работите?

 

 

На ден 05 - 03 - 2009, е конструирана страната на Македонија е СЕ: http://www.makedonijaese.com/. Тој ден и се смета за роденден на организацијата Македонија е СЕ.

На ден 02 - 16 - 2016, е конструирана peзepвнaтa страната на Македонија е СЕ: http://www.makedoniaese.com/ страница која е по погодна за посета со мобилни апарати кои имаат инсталирано андроид софтвер.

????????? B?KTOP

Уште на самиот почеток интернет страницата на Македонија е СЕ, бидејќи зборува за Вистинската Историја на Македонија со историски факти, но и актуеллни политички настани, СТАНУВА ТРН во очите на сите непријатели на Македонската Држава, ма и трн во очите на некои политички организации во Р. Македонија.

Страницата на Македонија е СЕ, е конструирана како резултат за потребите на Македонскиот Народ и друѓите да се запознаат со Вистинската Македонска Историја, политика и болното Македонско прашање.

Страницата на Македонија е СЕ е конструирана за да помогне за зачувување на македонскиот идентитет, земја, култура, јазик, право за слободен говор, мисла, движење, соживот cо другите национални малцинства во Македонија, слободно искажување и потик на искажување МА и негување на националниот идентитет како во Македонија така и во светот.

 

ГАСНУВА  -  АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

 

 

 

 

 

 

 

 

VASILEON ALEXANDROY MAKEDONON

 

 

 

 

 

 

 

 

Наскоро, ПОСЛЕ ПОВЕЌЕ ОД 2200 ГОДИНИ ЌЕ ИМАТЕ МОЖНОСТ ДА ГО ИМАТЕ МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ НА ФИЛИП МАКЕДОНСКИ, СО ПРАВИЛЕН ОБЛИК И ЛИК, ЦЕЛОСНО ИЗРАБОТЕНО ОД УМЕТНИЦИТЕ НА МАКЕДОНИЈА Е СЕ

 

VASILEON ALEXANDROY MAKEDONON
MAKEDONONBACИЛEOHMAKEDONON

КОНТАКТИРАЈТЕ СО МАКЕДОНИЈА Е СЕ

За сите инфомации, контакт е-маил: info@makedonijaese.com

 

Македонија е СЕ, се залага за нова химна: '' Земјa Mакедонскa''

 

>
>
>

 

Alexandroy MakedononAlexandroy MakedononAlexandroy Makedonon

  
MAKEDONONMAKEDONON

НИЕ СЕ ДЕФИНИРАМЕ КАКО ЉУБИТЕЛИ НА СЛОБОДАТА 

ЗА НАС МАКЕДОНИЈА Е СЛОБОДАТА 

 АКО ИМА

МАКЕДОНИЈА

 ЗА НАС ИМА И СЛОБОДА

Копираит © Македонија е СЕ MAKEDONIAeSE.com Сите Права Задржани

Македонија е СЕ Партија на Народот на Слободата МС ПНС
Историја на Македонија

МАКЕДОНИЈА

ΜΑΚΕΔΟΝΙΑ

MAKEDONIA

        BACИЛEOH Alexandroy Makedonon  МАКЕДОНОН

MAKEDONONАЛEКCAHДРОЈMAKEDONON

Македонско Име вечно нема да загине.
Глава даваме, Македонија и Mакедонско име не даваме.

Од Македонија и Алекcандрoj Македонон, славeн Василeoн Македон нема да се откажеме.
Cлава македонска ќе повратиме,
Алекcандрoj Македонон славен Василeoн Македон обожaваме,
Македонија, земја нај мила уважуваме.

Малку сме на број, ЕЈ, ХЕЈ,
силни сме во бој, ЕЈ, ХЕЈ.
ЕЈ, Алекcандрoj, OJ, OJ,
ЕЈ, Македонон, OH, OH.
Алекcандрoj Македонон славен Василeoн Македон, нас не предводи.